Фамозниот договор кој власта го направи со козорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д многу ја разбранува јавноста. Дури и во бура сето тоа преминува. А што се точно во тој договор стои засега не е познато, власта го нема објавено.
Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска не гледа причини Договорот да не биде објавен за разлика од Артан Груби (кој смета дека е класифициран и во него има деловни тајни). Според неа овој договор е од национален и стратешки интерес и поради не треба да биде сокриен од јавноста.
– Не гледам причина зошто договорот да не биде објавен. Станува збор за стратешки договор од национален интерес, не сум сигурна во моментов, ќе проверам дали има евентуално некоја клаузула што би го спречувала тоа. Во спротивно, пак ќе кажам, тоа е договор од национален и стратешки интерес и не мислам дека треба да биде сокриен од јавноста, изјави вицепремиерката Грковска.
Што се однесува до законските измени во насока на зголемување на работната недела од 40 на 60 часа ( за што синдикатите велат дека е блиску до претворање на работниците во робови), а кои се однесуваат само на реализацијата на проектот за коридорите, Грковска очекува да се разјаснат работите за време на дебатата за законите во Парламентот.
Ова не е првпат Министерката Грковска да критикува некои одлуки и постапки на министрите од Владата чиј дел е и самата таа. Тоа е добро, тоа и е работата. Но, дали незџините укажувања се уважуваат?
Да потсетиме, Грковска упати критики за играњето фудбал во просториите на министерството за политички систем со кое раководи Груби.
-Сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, изјави Славица Грковска..
И? Имаше ли потоа повеќе сензибилитет кај нејзините министерски колеги?
Таа исто така изрече опомени за вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но и за шефот на дипломатијата Бујар Османи и пранешниот министр за животна средина Насер Нуредини, поради користење службени возила за партиски цели врз основа на документација од Антикорупциска комисија.
И? Престанаа ли да се возат служнените возила платени од народот за партиски цели?
Ковачевски го гледа сето ова? А Грковска пак се прашува ли дали можеби треба да си замине од Владата ако и во иднина даде добри опомени и упатства, ама никој ништо не ја слуша?