Грција ги отвори плажите, посетите само со пријава преку смс – порака

Во Грција од денеска се отворени плажите, во пресрет на најавите дека од следната недела ќе можат и странски туристи да влегуваат во земјата.

Засега плажите работат по правила и протоколи каки и лани – со растојание меѓу лежалките и чадорите од два метри и само по две лица на едно место, освен ако не се семејство, но овој пат без музика во кафулињата и баровите.

Во земјата сè уште се на сила рестрикции кои за секое движење налагаат испраќање смс порака, па така е и за на плажа.

Организаторите на плажите мора да стават средства за дезинфекција и редовно да ги дезинфицираат лежалките.

За персоналот, задолжителни се маска и тестови за домашна употреба два пати неделно.

 

Претходна вестСообраќајот низ државата е умерен, од следната недела внимавајте кај наплатните станици Петровец и Миладиновци
Следна вестМицкоски за изјавата на Пендаровски по средбата: Тоа е дволичност