Грција ќе им дава по 150 евра на младите за да се вакцинираат

Грчката влада објави дека секој млад Грк кој е вакциниран против корона вирус или планира тоа да го стори наскоро како подарок на почетокот на летото ќе добие од Владата по 150 евра.

Картичката со 150 евра им следува на сите родени помеѓу 1996 и 2003 година кои досега примиле барем една доза од вакцината или ќе се пријават да се вакцинираат оваа година.

Се проценува дека се работи за бројка од 940.000 млади луѓе кои ќе можат да ја потрошат на патувања, изнајмување автомобили, хотели и кампови, како и билети за културни настани, кина, театри, музеи, археолошки места и школи за танцување.

Целта е на тој начин да се поттикнат и туристичката и културната индустрија во Грција, кои беа силно погодени од пандемијата.

Во Грција досега се дадени осум милиони дози вакцини, а скоро 33% од населението е целосно вакцинирано.

Но, се стравува од ширењето на Делта -сојот меѓу невакцинираните. Секторите поврзани со туризмот во Грција, исто така, стравуваат од нови ограничувања на патувањето токму поради оваа варијанта.

Претходна вестДелото на вечните Миладиновци чие чествување изостана
Следна вестСертификат за прележан Ковид-19 ќе се добива и преку „Мој термин“