Груевски: Никој од СДСМ не дошол кај мене да бара нешто

Дознав дека деновиве на некој медиум имало изјава од поранешен заменик министер за локална самоуправа дека луѓе од СДСМ дошле кај мене во Будимпешта и барале подршка за двотретинско мнозинство за промени на уставот, во замена за прекин на политичкиот прогон, и дека јас тоа сум го одбил, напиша на социјалните мрежи екс премиерот Никола Груевски.

-Ме известија и дека таа изјава станала вирална на социјалните мрежи.
Иако ваквите лажни вести и шпекулации најчесто ги игнорирам бидејќи од различен тип ги има скоро секој ден, со оглед дека многу мои пријатели ме прашуваат дали е тоа точно, информирам дека никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што. Лажна вест!, додава Груевски“.

Според него, штета е што во Македонија не се случува ништо паметно, сериозно и убаво што би било тема за јавна дискусија.

-Лажните вести често поврзани и со моето име, се главно мени во јавниот дискурс и таквите стануваат вест за која со денови се дискутира, вели Груевски во напишаното.

Тој вели дека се работи за лажна вест и дека никој од СДСМ ништо не барал од него.

Објавата на Груевски следи откако претходно беше изнесена информација дека од СДСМ неодамна испратиле лица на средба со екс премиерот Никола Груевски, во Унгарија, со цел да му се нуди, амнестија нему и за негови блиски луѓе, во замена да се обезбедат пратеници за да поминат уставните измени во земјава.

Инаку од поодамна се присутни шпекулации од типот дека се бара поддршка од Груевски за уставните измени и дека тој може да има влијание врз пратеници од актуелниот состав.

Претходна вестМајка пријавила дека исчезнала нејзината 13-годишна ќерка
Следна вестИ денеска нестабилно со поројни дождови и грмежи