Долго и сериозно најавуваниот собир за одбележување на 97 години од смртта на наводната македонска бугарка Мара Бунева во скопје, заврши со собир од десетина луѓе.
Настанот започна со панихида во црквата „Св. Димитрија“, по што учесниците се упатија кон спомен-плочата на кејот на Вардар.
Покрај плочата, тие поставија и слика на Мара Бунева, оставија цвеќе и се фотографираа заедно. Упатија и порака дека очекуваат Бугарите да бидат вклучени во уставот на Македонија, истакнувајќи дека тоа според нив ќе придонело за надминување на омразата меѓу балканските народи, по што се разотидоа од местото на чествувањето.