Движењето за поддршка за онлајн наставата смета дека оваа учебна година онлајн-наставата треба да се одржи по секоја цена поради огромниот број новозаразени со ковид-19 во земјава, како и бројот на починати лица.
Бараат онлајн-настава за сите поради безбедносни причини, а родителите кои сакаат нивните деца да следат оналјн настава да се обратат до директорот со само едно писмо, без бирократски процедури. Да нема медицински и немедицински причини, туку само желба на родителот.
Ана Глигорова од Движењето за поддршка за онлајн-наставата потсети на последната одлука на Владата, донесена на 17 август, со која учениците од основните и средните училишта од 1 септември треба да почнат настава со физичко присуство.
-Во една училница од 36 метри квадратни, 30 или 32 деца кога ќе влезат тие немаат простор меѓу себе. За едно дете е потребно 13 метри кавадратни за да биде колку толку заштитено. Две деца и еден професор или наставник во училница, тоа е максимумот, изјави Глигорова пред Владата.
Нагласи дека бараат да се промени одлуката на Владата во Службен весник.
Одговорноста за ова, како што велат, лошо сценарио ќе ја има Владата заедно со Комисијата за заразни болести.