Откако Новак Ѓоковиќ и официјално доби забрана за влез во САД бидејќи не е вакциниран, првиот човек на Флорида Рон Десантис кој застана на страната на Новак понуди идеја како тенисерот сепак да ја помине границата. Тој предложил тенисерот да допатува со брод.
-Не ми е јасно зошто и покрај сегашната регулатива господинот Ѓоковиќ не би можел легално да влезе во земјава со брод. Според моите информации, администрацијата не им прави проблеми на странските државјани кои влегуваат во земјата на овој начин – напиша гувернерот на Флорида, цитирајќи го говорот на американскиот претседател Бајден кој изјавил дека на странските државјани кои не се вакцинирани им е забранет влезот во земјата со авион.
Имено, најдобриот светски тенисер нема да може да настапува на турнирите Индијан Велс и Мајами во САД, бидејќи не е вакциниран. Неговото барање за влез државата беше одбиено иако тамошната администрација кажа дека пандемијата е завршена, а за некој месец е најавено и укинување на одредбата за влез на патици кои не се вакцинирани.