Хаџиевски замина од Вардар, доби понуда и се врати во Саудиска Арабија

По кусо време откако беше назначен за спортски директор искусниот македонски стручњак, Ѓоко Хаџиевски реши да го напушти фудбалскиот клуб Вардар. Тој од денеска нема да ја извршува новата функција иако вчера со останатото раководство на Вардар одржа прес-конференција на која повика на поддршка за црвено-црните.

Имено, тимот на Хајер од Саудиска Арабија потврди дека Хаџиевски ќе биде нивни нов тренер. Хаџиевски доаѓа на местото на Родион Гачанин кој доби отказ.

Се работи за тим кој по шест кола освои само 4 бодо по што раководството се реши да реагира и задачата за подобри резултати му ја довери на некогашниот македонски селектор.

Во стручниот штаб на Гачанин беше и македонскиот голман Един Нурединовски кој барем засега нема да добиено отказ.

Хаџиевски во својата голема кариера претходно ги водеше екипите на Хата, Најран, Ал Дарфа, Вардар, Пелистер, Силекс…

Претходна вестМНР на Кина: САД се империја на лагите
Следна вестГраѓаните отсега можат да ги споредат надоместоците за платежните услуги кај банките