Хан не не заборава: Останувам ваш постојан бранител и промотор, ќе правам се што е потребно…

Во Македонија во последно време непрестано доаѓаат евробирократи. Ќе кажат неколку реченици, ќе не потапшаат по рамо и на крај ќе кажат што треба да сработиме, кој нов услов да го исполниме.
Денеска во земјава е еврокомесарот за буџет Јоханес Хан. Тој истакна дека  Македонија сега е на одличен пат кон ЕУ и дека политички сили во земјата  треба да соработуваат.
Овој евробирократ кој порано беше и комесар за проширување на ЕУ денес изрази и уверување дека Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ.
-Ако сте ги оствариле нештата кои треба да ги остварите, заслугата ќе ви биде дадена. Јас ќе останам ваш постојан бранител и промотор, ќе правам се што е потребно во иднина, потенцира Хан.
И тој како и многумина пред него кои доаќаа во Скопје истакна: „Ајде да го зграпчиме моментот и да работиме заедно. Јас сум уверен дека на крај, Северна Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ. Знам дека добри ви оди“.
Претходна вестПробен лет на такси-летало во Израел
Следна вестДијабетичарите со претставка до Зибери: Не добивме ни глукомери ниту ленти за мерење на шеќерот