Хеликоптер интензивно го гасне пожарот во Беровско, има индиции дека е подметнат

Еден полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион за кон надлежните изјавуваат дека е најверојатно подметнат. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов за МИА изјави дека хеликоптерот од воздух почнал со исфрлање на вода од 5 часот.

-Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот. Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово, изјави Ангелов. Посочи дека пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски претходно за МИА информираше дека со помош на хеликоптерот спречено е ширење на огнот кон боровата шума и е направен обрач околу огнот. Првично беа зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел. Надлежните велат дека има индиции и овој пожар да е подметнат.

Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот.

Според надлежните, индициите велат дека пожарот е подметнат.

Во пожарот кој вчера бил пријавен нешто по 13 часот гори нискостеблеста дабова шума во непристапен терен, а утрово на местото ќе пристигнат и пожарникари од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.

 

Фото: Општина Берово

Претходна вест148 санкционирани возачи во Скопје, 24 возачи на мотоцикли
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е предавство на нацијата