Либанската шиитска, организација Хезболах најави дека доколку Израел продолжи со офанзивата во Појасот Газа, ќе ги зголеми нападите врз израелските погранични области и врз американските воени бази на Блискиот Исток. Тоа би довело до „целосна конфронтација“, помеѓу Израел и Хезболах.
Во интервју за американската ТВ мрежа „NBC News“, Наим Касем, заменик генералниот секретар на Хезболах, потврди дека неговата група учествува во конфликтот со цел да се намали притисокот врз Газа и предупреди дека се почестите напади на Хезболах врз Израел имаат за цел да испратат јасен сигнал до израелското раководство дека ќе ја прошири копнената операција во Газа и ќе има сериозни последици.
– Ако Израел и САД продолжат на овој начин со својата агресија, ќе доведе до целосна конфронтација, предупреди Касем.
Портпаролот на привремените мировни сили на Обединетите нации во Либан на 6 ноември изјави дека постои зголемена загриженост поради зголемениот број цивилни жртви во спорадичните судири меѓу Хезболах и Израел и предупреди дека непријателствата значително излегуваат од контрола во пограничните области.
Последен пат кога конфликтот меѓу шиитската организација Хезболах и израелската армија избувна во 2006 година, резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН воспостави прекин на огнот во пограничната зона, која сега ја надгледуваат 12.000 мировници од 36 земји.