Холандскиот амбасадор Коп со порака до Ахмети: Посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар

Посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар, е порака која холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп му ја пренел на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Холандската амбасада во Македонија на својата Фејсбук страница објави фотографија од средбата со кусо соопштение.

– Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.

Исто така, непотребното политичко влијание врз функцијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика остра реакција од Холандија, пишува во соопштението.

Претходна вестПротест на вработените во обложувалниците и казината: „Над 10.000 луѓе ќе останат без работа“
Следна вестГо убил шурата со „сачмарка“ зашто ја силувал ќерка му од нејзина 9-годишна возраст