Хорор во Демир Капија, четири малолетници силувале врсничка

Четири малолетници од Демир Капија силувале врсничка. Случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето.

– Синоќа во 23.30 часот во Полициската станица Неготино, 30-годишна жена од Демир Капија пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка, во објект во изградба во двор на основно училиште, ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив. Запознаен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и Центарот за социјални работи Неготино, информираат од СВР Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестЕден од најбогатите луѓе предупредува: Доколку продолжат сегашните трендови граѓанската војна во ЕУ е неизбежна
Следна вестРевизор Ацевски: На Онколoгија имаме ситуација во која „Кадија те тужи, кадија те суди“