Хоспитализирани 23 нови пациенти во скопските ковид центри

Во главниот град и во болниците низ Македонија се лекуваат 638 пациенти заразени од вирусот и има околу 920 празни болнички кревети во ковид центрите, информираа денеска од Министерство за здравство.

Во скопските ковид-центри се лекуваат вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид – 19, а голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

–На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 30, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациент, во Кочани 15 во Кичево 3, Кавадарци 17, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,се вели во соопштението.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Моментно има 340 слободни места.

– Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 74 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 92 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот, велат од Министерството.

Од утрово поради намалениот број на пациенти е затворен ковид центрот на Клиниката за Гастроентерохепатологија.

Претходна вест41 возач претерал со брзината, 15 немале возачка, 11 разговарале на телефон…
Следна вестЗаев и Блер заклучиле дека Преспанскиот договор е големо достигнување