Храбрите луѓе го спасија пелагониското село Паралово и манастирот „Свети Ѓорѓија“ од пожарот

Поминавме тежок и пеколен ден ама заврши добро, Слава на Бога, вака напишаа на својот Фејсбук профил од Доброволното противпожарно друштво „Архангел“, чии доброволци и вчера се бореа со пожарот кај Паралово, бранејќи го селото и тамошниот манастир „Св.Ѓорѓија“.

Селото и манастирот беа сериозно загрозени од големиот пожар кој го зафати атарот на ова пелагониско село.

-Манастирот „Св. Ѓорѓија“ е спасен со појас од багер од РЕК управуван од Пеце Јанкуловски и контра оган под водтство на Ченто, Роберто Мапек и Александар и останатите ние од ДПД „Архангел“. Селото Паралово е спасено од Пожарникарите на станицата Тппе Битола од Битола мештаните фам. Угревски, фам. Митровски фам.Гелевски, фам Миленковски и останатите да не ми замерат ако не ги спомнав. Слава на Бога за ветерот кој пратеше на вистински правец по молитвата на Мајката Божја, Свети Ѓорѓија и сите кои се молевте и бевте со нас во мислите, напиша на ФБ еден од доброволците во гасењето на пожарот, Игор Петковски.

И градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски соопшти дека село Паралово е спасено во заедничка координирана акција на Територијалната противпожарна единица на Битола, Општина Новаци, пожарникари од РЕК Битола заедно со механизација,  жителите на селото и мештани од околните села.

Цел викенд се водеше битка со огнот кој беше широко распространет на територијата на Општина Новаци, а вчера наутро се дејствуваше и со два хеликоптера.

Претходна вестНАСА пронајде океани со вода на Марс
Следна вестМВР: Кај Блаце загина 17-годишно момче, еден од возачите избегал