Хуманитарна акција годинава ќе ја замени „Мичуринската средба“

Годинава нема да се одржи „Мучуринската средба”, која традиционално се одржува на 14 јануари, на православниот празник Свети Василиј поради ситуацијата со Ковид-19. Наместо средба ќе се организира хуманитарна акција, со делење пакети со храна за загрозените категории на граѓани кои живеат во населбата Мичурин и Општина Аеродром.

Од Одбор за организација на „Мичуриската средба” информираа дека нивната програма ќе почни со литургија утре напладне во црквата „Пресвета Богородица” со почеток од 12 часот.

-По повод претстојниот православен христијански празник Св. Василиј или познат кај нас како Василица, поради пандемијата Ковид 19 претседателот Георги Гаштаров и организацискиот одбор на традиционалната Мичуринска средба донесе одлука да не се организира пречекот на Стара Нова година. Целта на хуманитарната акција е задржувањето на традицијата на „Мичуринската средба”, која ќе продолжи и понатаму со годините кои се пред нас, соопштија од одборот.

Претходна вестВечерва се слави Стара нова година, а утре е Василица и Обрезание Господово
Следна вестВозел по скопски улици со дури 2,65 промили алкохол во крвта