И денес доаѓаат европски дипломати да ни кажат да го смениме Уставот…

Жешко лето е, повеќето од луѓето се упатуваат кон туристичките дестинации. За многу европски дипломати во последно време дестинација е Македонија. Но, не доаѓаат за да се разладат, туку да ни кажат дека треба да го смениме Уставот.

Па така за денеска е најавено дека ќе ни пристигнат тројца министри за надворешни работи: на Австрија, Александер Шаленберг, на Чешка, Јан Липавски и на Словачка, Мирослав Влаховски.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето евро-пристапно досие.

Што ново ќе ни кажат овие министри?

До сега од Брисел вообичаено ги добиваме овие ставови:

-Договорот од Преспа со Грција како и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија служат како јасен израз на искрената желба на граѓаните на Северна Македонија да бидат дел од семејството на ЕУ…

-Сега треба само уште да го смените Уставот…

-Разбираме дека може да има чувство на разочараност заради должината на пристапниот процес на вашата земја…

Ќе биде ли денеска поразлично?

Претходна вестКостадиновска-Стојчевска: Охридските угостители на гостите да не им наплаќаат како да наплатуваат воена отштета
Следна вестКонцерт на Нишкиот симфониски оркестар на Охридско лето