На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 л/м²), засилен ветер (над 60км/ч.) и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 16 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне 16, додека преку ден ќе изнесува 23 степени.