И денеска во дневната ковид-статистика има починати од изминатите денови, вкупно се 25 и 467 нови заразени

Во изминатите 24 часа, во земјава од ковид починале 14 лица: 5 починати лица од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 починати лица од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г), по едно починато лице од  Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г), сите во болнички услови.

Но и денеска продолжува праксата на МЗ, на дневната статистика починати да додава и бројки која е од изминатите денови. Денеска тоа се 9 лица, кои починале во периодот од 8 до 28 септември, а се добиени согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин. Починатите лица се од по 2 починати лица од Гостивар ,Струмица и Тетово, и по едно починато лице од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години, од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19, што е 13% од вкупниот број тестирани:

Скопје – 245, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид  – 8, Тетово и Струмица – по 6, Штип, Радовиш и Валандово – по 5, Кратово и Крушево – по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 496 оздравени.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962, од кои 5.596 во Скопје.

Претходна вестПријава за лажна бомба пред Влада
Следна вестЖителите на Бардовци и денеска на протест: Кој го сокри документот дека Центарот за странци не смее да се гради во нивна близина?