Повторно над 30 починати од ковид во изминатото деноноќие во Македонија. Според статистиката која вечерва ја објави Министерството за здравство, починале 33 лица, меѓу кои има и на возраст од 34 и 41 година.
Најмногу од починатите 12 се од Скопје (34г,45г,59г,62г,65г,72г,73г,75г, 78г,79г,80г и 84г), по 2 пациенти од Прилеп (65г и 85г), Куманово (68г и 69г), Тетово (68г и 74г), Велес (68г и 78г), Охрид (49г и 83г), Кичево (73г и 80г) и Виница (59г и 84г), а по еден пациент е пријавен од Кавадарци (79г), Битола (41г), Струмица (49г), Неготино (61г), Крива Паланка (84г), Валандово (83г) и Крушево (85г). Сите пријавени смртни случаи се починати во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на ковид-19 , од кои половината се во Скопје – 619, потоа во Битола – 75, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес – 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга – по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово – по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11, Ресен – 10, Радовиш – 9, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 8, Делчево – 5, Демир Капија, Кратово и Пехчево – по 4, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Крушево – 1.
Регистрирани се 868 оздравени пациенти.
Заклучно со денеска, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370, од кои 9.329 се во Скопје.
И покрај загрижувачките бројки, здравствените власти сметаат дека нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки. Според објаснувањето од епидемиолозите, заразата е масово раширена, земјава се наоѓа во шестата од вкупно осум недели од третиот бран и дополнителни рестрикции не би имале никаков ефект.
Според тоа, и од утрешната седница на Комисијата за заразни болести не може да се очекува ништо различно.