Холандските здравствени власти објавија дека биле принудени да откажат 43.000 термини за вакцинација поради одлуката на владата да ја прекине вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“ најмалку две недели, објави новинската агенција АНП.
Суспензијата ќе важи најмалку до 29 март, пренесува „Ројтерс“.
Инаку, неколку други европски земји привремено ја прекинаа употребата на вакцината од британско-шведската компанија во претходните денови, вклучувајќи ги Норвешка, Данска и Ирска поради згрутчување на крвта во некои случаи по употребата на таа вакцина.
Министерството за здравство во Холандија соопшти дека овој потег следува по шест нови извештаи во Данска и Норвешка за згрутчување на крвта и намалување на нивото на тромбоцити кај луѓе на возраст под 50 години кои ја примиле вакцината.
Холандскиот орган за лекови, исто така, истакна дека не е докажана поврзаноста помеѓу случаите и вакцината.