И Хрватска го одложи пописот на населението

Поради епидемиолошката ситуација се одлага пописoт на населението кој што требаше да се изврши пролетва во Хрватска. Ваква одлука донела хрватската Влада при што, истовремено, е определено пописот да се спроведе во две фази наесен, од 13 септември до 17 октомври. Во првата фаза граѓаните на Хрватска ќе се попишуваат самостојно, преку интернет.

Владата го задржува правото да утврди нови термини на пописот, доколку нема услови и за негово спроведување наесен.

Во Хрватска повторно се зголемува бројот на нови случаи на коронавирус, па од владата најавија заострување на мерките.

Неодамна и Србија донесе одлука да го одложи пописот на населението за наесен.

Претходна вестМожно е пролонгирање на теренското попишување ако треба да се вакцинираат попишувачите?
Следна вестМВР го згреши датумот или организаторот на протестите за „Монструм“ се пишмани?