И Институт за педагогија со порака до Царовска: Запрете ја најавената реформата, потребна е сериозна расправа за нова

Се редат најрелевантните институции во земјата со реакции и опомени дека најавената образовна реформа на министерката Царовска не е прифатлива. Тоа пред малку го стори и Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет.

Треба да се запрат активностите во врска со концепцијата за основно образование и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција, став е на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје.

Членовите на овој реномиран Институт со мнозинство гласови го донеле заклучокот дека не може да се прифати понудената концепција за основно образование.

-Нацрт-концепцијата за основно образование промовирана јавно вчера има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на воспитно-образовната и општествената реалност кај нас и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието, се вели во соопштението на Институтот.

Поради ова членовите на овој Институт со мнозинство гласови донесоа заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за основно образование.

Во соопштението се наведува дека само две професорки од Институтот кои се дел од работната група за подготвување на нацрт-концепцијата за основното образование, даваат безрезервна поддршка да продолжат реформите затоа што сметаат дека ќе се одвиваат етапно.

Ставот на овој Институт е сериозен показател дека министерката Царовска нема поддршка дури и од тие ка кои сметаше дека ја подржуваат. Всушност денеска таа посочи дека има подршка од јавноста и пред се токму од експертите педагози и психологија.

Претходна вестВо болниците во Македонија хоспитализирани се 1.072 ковид-пациенти
Следна вестСилвана Бонева со 6.967 докази и 28 сведоци ќе докажува дека не е рекордер во земање патни трошоци