И кај нас ќе има вакцинација со трета доза, но само за одредени категории граѓани

Министерството за здравство го добило дописот од Комитетот за имунизација кој препорачува трета доза од вакцините против корона да примат лица кои се имунодефицитарни.

Министерот Венко Филипче најави дека вакцинацијата со трета доза ќе стартува од неделава.

-Препорака од Комитетот за имунизација е да се препорача трета доза вакцина за луѓе кои се имунокомпромитирани. Според препораката на здравствените институции во САД. За тоа ќе бидат пациенти кои се на хронична дијализа и некои други пациенти кои се имунодефицитарни. Денеска дојде препораката, ќе се официјализира и веќе во текот на неделата ќе стартува, рече Филипче.

 

Претходна вестНеодговорни решенија и своеглавост на власта
Следна вестТрендот не престанува: Уште тројца заразени со ковид си заминале од државата