И канцеларот Шолц ги разбира нашите фрустрации и сомнежи

Јас ги разбирам Вашата нестрпливост и Вашата фрустрација, го разбирам Вашиот сомнеж дали со овој чекор навистина ќе се отвори патот за влез во ЕУ, порача денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во своето обраќање до Северна Македонија. Во обраќањето објавено денеска од Амбасадата на Германија во Скопј, покрај другото, Шолц порачува дека Европската унија сака Македонија да стане нејзина земја-членка.

-Вашата земја повторно се соочува со носење на една многу важна одлука: Дали сакате да го прифатите европскиот компромис? Со тоа, 17 години по доделувањето на статусот на кандидат за членство во ЕУ, може конечно да се одржи првата пристапна конференција за членство. Тоа ќе биде важен чекор што ќе ве приближи до членство во ЕУ и со што ќе се надмине блокадата. Јас ги разбирам Вашата нестрпливост и Вашата фрустрација. И повеќе од тоа: ги споделувам со Вас! Јас Ве разбирам кога ќе кажете: Нам ни беше предолго и премногу ветувано. Тоа што се бараше од нас беше премногу. Јас го разбирам Вашиот сомнеж дали со овој чекор навистина ќе се отвори патот за влез во ЕУ, наведува во писмото германскиот канцелар.

Тој додаде дека сака да биде сосема искрен.

-Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Но, јас исто така Ви велам: Заедно ќе ги совладаме задачите кои ни претстојат. Затоа што сакаме да бидете членка на оваа Европска Унија! Ние Ве сакаме Вас, драги Македонки и Македонци, зачленети во една унија во која се чуваат и се негуваат Вашите и нашите културни особености, нашите различни јазици и нашите идентитети. Тоа нè прави заедно силни. Сите знаеме дека компромисите понекогаш значат болни отстапки. ЕУа се состои од компромиси, ден за ден. Но, јас сум цврсто убеден дека дури и тешки компромиси на крајот секогаш нè носат напред и нè прават посилни, нагласи Олаф Шолц.

Инаку, неодамна писмо до „македонскиот народ“ испрати и францускиот претседател Емануел Макрон кој порача дека Договорот не е совршен но ќе ја внесе Македонија во ЕУ. Напоредно со ова се позачестени се и посетите на високи функционери на Европската унија на Скопје со цел да се убеди јавноста да го прифати францускиот предлог кој според мнозинството од македонската јавност дава „датум“ на Македонија, но и многу датуми на Бугарија кога ќе може непречено да наредува на официјално Скопје.

Претходна вестПочнуваат собраниски координации за францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да се врати информацијата на Владата
Следна вестСкопјани пијат безбедна вода