Пред малку во Собранието влезе и претседателот на БЕСА, Билал Касами, откако претходно во парламентот влезе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Касами не даде објаснување околу неговиот пратеник Кастриот Реџепи кој денеска се откажа од гласање на недоверба на Влада.
-Од ништо не сум изненаден, истакна Касами и влезе во собраниската зграда.
Тој најави дека ќе даде поширока изјава за половина час.
За потсетување, во Собранието е дадена паузата по барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако се утврди дека на опозицијата и недостасува еден глас. На виделина излезе дека не е присутен пратеникот Кастриот Реџепи од редовите на Беса. Реџепи преку Фејсбук објави дека нема да дојде на седницата.