Долго очекуваниот и премногу пати најавениот стационар за бездомните животни ЈП „Лајка“ не се отвори вчера (во среда) како што неодамна повторно најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Која е причината, не беше соопштено.
-Стационарот ќе биде отворен во среда, доколку никој од вработените не биде позитивен на Ковид-19. Во моментов се врши тестирање на вработените, рече Шилегов.
Дали тестот на некој од вработените излегол позитивен не е познато, но градските власти ова би требало да и го објаснат на јавноста. Ако не се проблем тестовите тогаш треба да се каже која е другата причина што пак се одложи отворањето на ЈП „Лајка“.
Како се тера оваа работа, ќе дојде време дури и на кучињата ќе сфатат дека повторувањето на ветувањата во Град Скопје се стил на работа.