Како територијата на Македонија „магично“ се намали за скоро 300 квадратни километри?

Прашање како во 2018 година во извештајот на Европската унија територијата на Македонија е намалена за околу 300 квадратни километри отвори вчера Дарија Андовска, композиторка и универзитетски професор по музика. Таа на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави табела-извештај на ЕУ во кој се гледаат различни податоци за површината на нашата земја.

Од извештајот се гледа дека во последните три години територијата на Македонија се намалила за точно 279 километри. Односно, површината на земјава во 2020 е значително помала од површината во 2017 година. Во извештајот  се гледа дека таквата промена на територијата е направена во 2018 година.

-И тоа не е сè, дами и господа. Бројчето што сите го знаеме наизуст од осмолетка – 25.713 км2, веќе не е тоа. Итс меџик. Сега е 25.434 или речиси за 300 км2 помала Македонија. Say what again?! Се смалува со перење. Мозоци, пишува професорката.

Претходна вестИ на кучињата им стана незгодно од одложените најави на Шилегов за „Лајка“
Следна вестДодека Заев се мисли за советници, министри почнаа да ангажираат сниматели, водители…