И на кучињата им стана незгодно од одложените најави на Шилегов за „Лајка“

Долго очекуваниот и премногу пати најавениот стационар за бездомните животни ЈП „Лајка“ не се отвори вчера (во среда) како што неодамна повторно најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Која е причината, не беше соопштено.

-Стационарот ќе биде отворен во среда, доколку никој од вработените не биде позитивен на Ковид-19. Во моментов се врши тестирање на вработените, рече Шилегов.

Дали тестот на некој од вработените излегол позитивен не е познато, но градските власти ова би требало да и го објаснат на јавноста. Ако не се проблем тестовите тогаш треба да се каже која е другата причина што пак се одложи отворањето на ЈП „Лајка“.

Како се тера оваа работа, ќе дојде време дури и на кучињата ќе сфатат дека повторувањето на ветувањата во Град Скопје се стил на работа.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче да разберат дека вирусот не се лекува со прес конференции
Следна вестКако територијата на Македонија „магично“ се намали за скоро 300 квадратни километри?