ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче да разберат дека вирусот не се лекува со прес конференции

Заради неспособноста на Заев и Филипче само во текот на вчерашниот ден имавме 317 новозаболени од корона вирусoт, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМЕН.

Во партиското соопштение се наведува дека Македонија тоне, а народот е во страв, затоа што власта на време не си ја заврши работата и не го организира општествтото. Се додава дека корона вирусот во Македонија е континуирано присутен од кризата до денес, а што е единствено вина на Заев и Филипче, кои несериозно се справуваат со вирусот.

-Дополнително загрижува фактот што се ближиме кон сезоната на грип, билниците по обичај ќе бидат преполни, а нема ниту вакцини против грип. Поради неспособноста на Заев и Филипче ќе имаме општ хаос во болниците низ државата. Ако сега имаме над 300 заболени на ден, колку треба да очекуваме за месец или месец и половина од сега?! Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека корона вирусот е сериозна опасност и дека тој не се лекува со прес конференции и евтин ПР?! Тоа можеби носи поен плус на нивното политичко конто, но никако не носи сигурност за граѓаните, потенцира најголема опозициска партија.

Претходна вестЗаев: Заврши времето на штанцање дипломи
Следна вестИ на кучињата им стана незгодно од одложените најави на Шилегов за „Лајка“