Заев: Заврши времето на штанцање дипломи

Ќе ја намалиме бројката на факултети, беа 189 сега се 134 и таа бројка ќе паѓа. Почнат е тој процес, најави вчера премиерот Зоран Заев. Во настап на Алсат телевизија тој рече дека овој процес кој бил започант е ставен во мирување за време на техничката Влада.

-Почнат е процесот на дуално образование. Во иднина ќе се ппродуцираат квалификувани работни луѓе за потребите на пазарот на пазарот на трудот, односно оваа тенденција што ја имаме 134 факултети, 40 стручни средни училишта апсолутно треба да ја смениме. Ќе паѓа бројката затоа што не се сите квалитетни. Готово , заврши времето на продукција и штанцање на дипломи. Мора да се продуцираат квалитетни кадри. Треба да биде продукција комплетно на квалификувани или кадарни луѓе кои дефинитивно не е само работници, рече Заев.

Според него, тоа пазарот го цени и тоа само го вреднува.

Се друго е лага, лага е за младите студенти, лага е за општеството лага е за компаниите и тоа само е една од мерките. Смена на генерации мора да се случи. Затоа што продуктивноста можеме повеќе ја да очекуваме кај младите, истакна Заев

Претходна вестПретпладне со дожд, попладне намалена облачност
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче да разберат дека вирусот не се лекува со прес конференции