И ние влеговме во системот за дигитална ковид-пропусница за патување

Македонските граѓаните наскоро ќе добијат дигитална ковид-пропусница преку апликацијата „Комон пас“ (CommonPass), откако Министерството за здравство објави дека станало дел на оваа платформа.

Апликација ја создадоа мрежата „Комон траст“ и Светскиот економски форум со цел заемно признавање на вакциналните потврди и лабораториски тестови за ковид-19 меѓу 19 држави.

За граѓаните тоа ќе значи дека тие со ’CommonPass‘ се преземаат резултатите од направениот ковид-19 тест и вакцинална потврда, и ќе можат да го покажат здравствениот статус на влез во друга држава без да откриваат други лични здравствени информации“.

Детали за апликацијата може да прочитаат на www.commonpass.mk.

Претходна вестСудење за исказ за „Рекет -Заев се чувствува навреден, а Николоски под притисок
Следна вестНа скопска улица пронајден починат маж