И официјално: Нема вакцинација со „Астра Зенека“ на лица под 60 години, се размислува за втората доза за вакцинираните

Кај нас нема да има вакцинација со „Астра Зенека“ на лица помлади од 60 години.

Оваа одлука нашите здравствени власти ја донеле откако вчера Европската агенција за лекови утврди поврзаност на вакцината со згрутчување на крвта кај лица помлади од 60 години.

-Има две препораки, едната е дека тромботичните појави треба да влезат во упатството за употреба на вакцината, а другата е секоја држава за заземе став. Ставот е вакцината да не се дава на лица помлади од 60 години во нашата земја, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

За вакцинираните лица помлади од 60 години со прва доза од оваа вакцина во Србија, министерот Филипче рече дека ќе чекаат препораки дали да се вакцинираат со друга вакцина.

Кај нас во моментов со оваа вакцина се имунизираат лицата над 75 години, бидејќи нема податоци дека и кај оваа категорија граѓани вакцината предизвикува тромбоза.

Од оваа вакцина преку Ковакс – системот на крајот на март стигнаа првите 24.000 дози, а се очекува да стигнат уште 76.000 дози.

Претходна вестСудот за човекови права преку чешки случај испрати порака за вакцинацијата
Следна вестЗградата на Главна пошта- еден од седумте најзагрозени објекти во Европа за 2021