И поранешни високи функционери на СДСМ против францускиот предлог

Силните барања на македонскта јавност да се одбие францускиот предлог за давање „датум“ почнаа да ги брануваат редовите и на владеачките социјалдемократи. Поранешни високи партиски функционери деновиве почнаа да излегуваат на протести пред Владата што ја раководат СДСМ и ДУИ, но и да упатуваат такви повици преку јавни настапи.

Поранешниот генерален секретар на СДСМ Горан Минчев во своја колумна насловена како „Но пасаран“ недвосмислено ги повика претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски да кажат одлучно „Не“ за овој предлог за да го заштитат својот народ и македонската држава.

-Прифаќањето на овој договор претставува самоукинување на македонската нација, поништување на македонската историја, откажување од македонскиот јазик, со еден збор велепредавство на македонската држава. Ова не е договор за почеток на преговори за влез во ЕУ, ова е договор за долгогодишна стагнација и блокада на нашата стратешка цел да се приклучиме кон европското семејство, напиша Минчев во колумна објавена на порталот „Плусинфо“.

Тој категорично тврди дека не се точни објаснувањата на владините функционери дека македонскиот јазик е заштитен, дека нема да се преговара за историските прашања а потенцира и тоа дека во текот на преговорите „Македонија повтоно ќе биде блокирана и ќе треба да играме како ќе ни свират Бугарите“.

-За вакво крупно историско прашање, кое може да ја смени историјата на Македонија, кое директно ќе влијае на постоењето на македонскиот јазик и идентитет, може да се консултираат единствено граѓаните преку институцијата Референдум. Никогаш ама баш никогаш не можам да се согласам и да прифатам ваков предлог. Не верувам дека постои чесен Македонец кој може да прифати вакво нешто, нагласи Минчев.

Од друга страна, поранешната поранешната пратеничка на СДСМ Весна Бендевска, која е актуелен член на Комисијата за заштита од дискриминацијата, учествуваше на неделниот протест пред Владата. Своето учество таа претходно го најави на социјалните мрежи.

-Излегувам да го изразам својот протест кон оваа лакрдија која го повредува моето лично граѓанско право на самосвест за национална припадност, посебност, мојот мајчин јазик и историјата на мојот народ со кои се гордеам. Свесно. Заради себе и својата совест, без калкулации за последиците. Моите идеали ми се поважни од се и ќе се борам за нив до крај. Апсолутно не ме допираат манипулативните повици на ниту една политичка партија или субјект. Ова е моја лична потреба, моја лична борба. За да бидам јас. За пред себе да сум чиста дека направив обид и не молчев. Без оглед на исходот. И никој нема право да ми го спори моето право, објави Бендевска.

На иста линија со своите поранешни сопартијци е и актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитријевски. Тој соопшти дека доколку се прифати францускиот предлог „На власта ќе и се случи народот“!

-Повеќе од јасно е дека постои взаемен договор подолг временски период, бидејќи претседателот и членовите на Владата играат добар и лош полицаец. Пред 7 дена, Пендаровски испрати молскавични, популистички пораки кон премиерот, за денеска да бидат целосно усогласени. Но, ќе им се случи народот, власта ќе биде на стаклени нозе и неодржлива и ќе падне. Ќе се смени, ќе дојде нова политичка елита која што ќе продолжи да ја води државата, градоначалникот на Куманово.

Незадоволство од потегот на ЕУ јавно искажува и Софија Куновска…

Претходна вестПронајдена дрога, приведени девет лица во Стар Дојран
Следна вестДемократски сојуз бара да се преработи Преговарачката рамка