Темно Режим Светло Режим

Преполовен е бројот на птиците во Охрид, и тие предупредуваат и бараат заштита на Езерото

Најновите податоци од „броењето” на водни птици, спроведен месецов од Македонското еколошко друштво, пак алармираат и го ставаат Охридското Езеро во фокусот на загриженоста за состојбата на неговиот екосистем. Бројот на водни птици годинава изнесува околу 14.000 единки, значително помалку во споредба со минатата година, кога биле изброени над 26.000 птици, пренесува Прва Скопска ТВ.

Екологистите предупредуваат дека станува збор за подолгорочен тренд кој сериозно може да го наруши езерскиот екосистем. Особено е загрижувачки фактот што кај дел од автохтоните и чувствителни видови се забележува намалување или стагнација, а овие видови најдиректно зависат од квалитетот на живеалиштата, мирните зони и водниот режим, што ги прави први „жртви” на деградацијата на просторот.

Како голем проблем за „охридските” птици се наведува беспланската урбанизација на брегот на Езерот што ги брка птиците од своите живеалишта.

Advertisement

Ако вака се продолжи, Охридското езеро ќе остане и без риби и без водни птици, но со многу зградурии кои само што не запловиле во езерото.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Романија на обвинителна клупа пред Судот на ЕУ поради нелегални депонии

Следниот Пост

Од денеска официјално стартува системот „Безбеден град“