ВМРО-ДПМНЕ: Заради политички потреби на Заев, Филипче го занемарува високиот број починати и заразени

Заради политички потреби на Заев, Филипче го занемарува високиот број починати и заразени, а пред еден месец со истиот црн биланс ја затвори Македонија четири дена, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

– Коронавирусот коси во Македонија, а министерот Филипче и владата се однесуваат неодговорно. Нема стратегија за кризата во која западна цела држава. Да ја имаше при бројките коишто секој ден излегуваат за новозаболени и смртни случаи, министерот за здравство и владата немаше да се борат како да му ја спасат кариерата на Зоран Заев, со брзи избори, туку разумно ќе ги преиспитаа одлуките коишто ги носат на штета на здравјето на граѓаните.

Власта живее во лажна нормалност, во која уништувањето на животите на луѓето, беспарицата, здравјето на граѓаните и иднината се без значење кога станува збор за интересите на Заеви и фамилијата.

Македонија во последните 19 дена има 456 новозаболени и 28 смртни случаи. По бројот на починати 122 лица, ние сме држава со рекордна смртност и заболени во регионот.

Власта продолжува да ја уништува иднината и го доведува здравјето на луѓето во опасност, стои во денешното соопштение на опозиционерите.

Претходна вест77-годишен пешак загина во сообраќајна несреќа во Автокоманда
Следна вестПак двајца скопјани шетале по улица со ножеви