Пак двајца скопјани шетале по улица со ножеви

Два ножа нашла полицијата кај двајца скопјани при вчерашната контрола направена на улицата „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

-При прегледот кај Р.А. (21) од скопско Синѓелиќ и Ф.А. (23) од скопско Грушино полициски службеници од СВР Скопје пронашле и одзеле по еден нож, се наведува во информацијата.

Ова се нови случаеви на откривање на ладно оружје кај граѓаните кои се надоврзуваат на неодамнешните такви случаи. Имено, полицијата минатата недела за едно попладне нашла ножеви кај двајца граѓани во скопски Сарај и во Бутел.

Бројот на случаите и инцидентите во кои се употребуваат ножевите покажува дека оваа појава е загрижувачка. Односно, дека ножевите стануваат се почесто средство за грабежи и насилство врз некого.

Само на почетокот на овој месец податоците на МВР покажаа дека три лица во Скопје биле потешко повредени во периодот од седум дена од напаѓачи кои користеле ножеви.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заради политички потреби на Заев, Филипче го занемарува високиот број починати и заразени
Следна вестДали нашите министри влегоа во НАТО само за по дома да се фалат со тоа?