И Шпанците сакаат да ја произведуваат руската вакцина

Инвестициската деловна групација ИбертАлантик разговара за можното производство на руската вакцина „спутник 5“ против корона вирусот. Ова го потврдил извршниот директор Педро Моурино.

-Сме во преговори со некои други компании, кои не можам да ги именувам, како и со рускиот фонд за директни инвестиции за предлогот „спутник 5“ да се донесе во Шпанија, Пиринејскиот полуостров и европскиот пазар, потенцирал тој.

Во изјава за тамошните медиуми Моурино не открил до каде се разговорите.

Кон крајот на февруари, вицепремиерот Александар Новак рече дека по разговорите со Шпанија за трговија и економска соработка, Русија изразила подготвеност да соработува со Шпанија за производство на вакцини и за заедничка борба против пандемијата.

Инаку, деновиве беше соопштено дека и Италија преговара за производство на руската вакцина.

Претходна вестОд вечерва почнува полицискиот час, за граѓаните спасот е вакцината која ја нема
Следна вестЌе покажат ли малите партии дека пораснале?