И вакцинираните заболуваат, одат во болница и умираат, но тој процент е драстично помал

Невакцинираните имаат многу повеќе можност да се заразат со корона вирусот отколку оние кои примиле вакцина, покажува двонеделата анализа што денеска ја објави Министерството за здравство.

Таа го опфажа периодот од 6 до 19 август, кога на територијата на државата позитивни на ковид биле 9.881 граѓанин.

Од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1.507 лица, додека  Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид 19 во овој период е 8.374

Во моментов на болничко лекување од коид се 724 лица. И тука пресекот покаќува дека невакцинирани се 91%, додека само 9% моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, или во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице со ковид 19, при што 92 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а 9 биле со вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе хронични заболувања.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцините „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

 

Претходна вестОд утре секој може да провери дали го има во Избирачкиот список
Следна вестАнгелов порачува: Стрпете се, нека заврне и ќе може рекреација на Водно