И во Холандија ќе можеме да одиме без негативен тест и карантин

Патниците од Македонија, како и од Србија, Албанија, САД, Либан и Тајван можат да влезат во Холандија од 24 јуни без никакви ограничувања, пренесува веб-страницата „Шенген виза инфо“.

Тоа значи дека патниците од овие шест земји нема да мора да прикажат негативен тест за коронавирусот или потврда за вакцинација и нема да мора да одат во карантин.

Одлуката ја објави Владата на Холандија по препорака на Советот на ЕУ да ги додаде споменатите земји на списокот на епидемиолошки безбедни земји, на чии граѓани треба да им биде дозволено да патуваат во ЕУ.

Сепак, оние што доаѓаат во Холандија со авион, ќе мора да пополнат здравствена изјава, која некои авиокомпании дозволуваат да бидат пополнети во дигитален формат.

Претходно, тоа го направи и Данска.

Од 25 јуни и патниците надвор од ЕУ ќе можат да одат во Германија, но само ако ги примиле двете дози на вакцината против ковид-19.

Патниците можат да влезат во Германија или како туристи, или да ги посетат семејството и пријателите.

Услов за влез е, сепак, да биле вакцинирани со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих каде во моментов, признати се само оние вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Другите вакцини кои нудат слично ниво на заштита ќе бидат додадени на списокот веднаш штом ќе бидат завршени потребните проценки, се вели на веб-страницата на Министерството.

Од 1 јули се очекува ваква одлука да донесе и ЕК која ќе се однесува на сите земји – членки.

Претходна вестБулеварот „Борис Трајковски“ станува двојно поширок, ама за две години
Следна вестСо високите температури доаѓаат и труењата со храна – ако не сте сигурни, фрлете ја