Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе ја запиша првата победа во своето Ферари на Европскиот шампионат на ридски патеки.
Иџе беше побрз од конкуренцијата на втората трка која се возеше во Германија, а тоа посебно го израдува македонскиот автомобилист.
Стефановски беше побрз од конкуренцијата и оствари најдобро време на втората трка која се возеше на Глазбахренен, патека на која Иџе за првпат возеше по пауза од десет години.
-Ова е тоа што го чекав – прво место и прва победа со Ферари, кажа Иџе.
Популарниот Иџе прикажа добри перформанси на претходните четири трки.