Доктор Игор Стојковски е новиот директор на Клиниката за онкологија, соопшти денеска Министерството за здравство.
Стојковски доаѓа на местото на Виолета Клисаровска на која месецов и истекол договорот на вд позицијата.
Тој е специјалист во одделот за малигни тумори на ЦНС, коскени тумори и карцином на кожа.
Вчера новиот министер за здравство соопшти дека покрај онкологија, нови директори се назначени и на токсикологија и оннкологија, докторите Андон Чибишев и Фатмир Меџити.