Или во Армија или на чело на партија

Воениот и цивилниот персонал на служба на Армијата не смее да раководи, да застапува и претставува било која политичка партија и да биде член на партиски органи.

Ова е предвено со измените и дополнувањата на Законот за служба кој помина на Влада, а наскоро треба да се најде пред пратениците.

Целта на овој закон, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска е да не се доведе во прашање професионалноста, непристрасноста и законитоста во вршење на работите во Армијата и во Министерството од страна на воениот и цивилниот персонал, а дополнувањата се по урнек на Законот за внатрешни работи.

Претходна вестНе помагаат ни казни: 306 фирми досега зеле субвенции, а не им дале плати на работниците
Следна вестБојкотот на средношколците од понеделник на еднонеделен распуст