Илиев по само четири месеци се раздели со Сараево

По само неколку месеци минати во Босна и Херцеговина, македонскиот голман Дејан Илиев ќе бара нова средина.

Имено, тимот на Сараево објави дека соработката со Македонецот нема да биде продолжена и му се заблагодари на Илиев за придонесот во минатата сезона.

-Сараево ги известува навивачите дека во договор со играчот е одлучено соработката да не продолжи. Му благодариме на Дејан за неговите настапи во тимот. Му посакуваме сè најдобро во понатамошната кариера, стои во објавата на клубот.

29-годишниот Илиев во Сараево пристигна во февруари оваа година и настапи на само 12 натпревари во домашниот шампион на БиХ. Претходно, беше член на Беласица, Арсенал и Хелсинки, а во периодот кога беше под договор со „топџиите“ како позајмен фудбалер настапуваше за Тренчин, Серед, Шузбери и Јагеилониа.

Претходна вестОдбор за акредитација на високото образование: Поништена акредитацијата на Проектот за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга
Следна вестЗемјотрес со јачина од 4,3 степени во Бугарија