Претседателот Стево Пендаровски годинава на централната прослава на 2 Август во Крушево, нема да држи политички говор. Тој денеска кажа дека одлучил годинашната прослава да биде поинаква, да биде за обединување на сите граѓани и политички партии, а не како изминативе 30 години со исвиркување и навреди.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот на државата, Стево Пендаровски, изјави дека го очекува да присуствува на манифестацијата.
Џафери изјавил дека има други обврски, а наместо него, претставник на Собранието ќе биде потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, првпат ќе го чествува Илинден на 2 Август на Мечкин Камен. Според Пендаровски, тој и премиерот Зоран Заев го потврдиле присуството.
Пендаровски рече дека на прославата во Крушево го очекува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.