Илјадници лекари специјалисти во Велика Британија почнаа дводневен штрајк

Илјадници лекари специјалисти во Велика Британија денеска стапија во дводневен штрајк, кој ќе трае до сабота до седум часот наутро.

– Ќе направиме сè што можеме за да ги сведеме проблемите на минимум, но сепак треба да се очекуваат откажувања на термините и подолги чекања, бидејќи итната помош мора да биде приоритет“, рече извршниот директор на британската Национална здравствена служба, Метју Тејлор.

Десетици илјади термини и процедури се откажани поради овој протест, а штрајкот ќе ја чини британската Национална здравствена служба (NHS) милиони евра, пишува „Тајмс“.

Претходна вестОтворен филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран
Следна вестАнтикорупционерите му одговорија на Обвинителството: Од каде знаете дека нашата иницијатива за „Труст“ е беспредметна кога не сте ја ни виделе?