Илон Маск ќе биде директор на Твитер додека компанијата не ја зацврсти позицијата

Милијардерот Илон Маск најави дека планира во иднина да се повлече од позицијата директор на Твитер и дека се надева дека реструктуирањето на компанијата ќе биде завршено во следните неколку недели.

Тој во објава на социјалната мрежа Твитер напиша дека планира да се задржи на челната позиција додека компанијата не ја зацврсти својата позиција на пазарот, додавајќи дека за тоа ќе биде потребно извесно време, пренесе Ројтерс.

Инаку, кога тој jа купи оваа социјална мрежа отпушти многу директори, најави и намалување на вработените, но и нови правила за користење на услугите на Твитер.

Претходна вестЕфикасни турски безбедносни сили: Уапсен уште еден осомничен за бомбашкиот напад
Следна вестТолку многу ли придонесуваат за доброто на Македонија, па на нив не треба да се штеди?