Измама при продажба на возило во Скопје. Имено, вчера во 16.10 часот во полициската станица Центар, Д.Ј.(43) од Скопје пријавил дека бил измамен од К.К.(29) и Н.А., двајцата од Скопје.
Според пријавеното, тој со лицата се договорил да им продаде патничко возило за одредена сума и откако потпишале договор кај нотар излегле за да му платат. Но, според пријавеното, тие не му ги дале парите и заминале, а подоцна не му се јавувале на телефонските повици.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.