Инцидент во Аеродром: Пукал во познаник, но не го погодил

Пукање сред бел ден во близина на детско игралиште се случило во скопската општина Аеродром.

-На 27 април во 11.34 часот во СВР Скопје, И.Ц.(21) од Скопје пријавил дека во 11.30 часот на паркинг на бул.„АСНОМ“ во Скопје, додека бил со уште неколку лица, дошол К.Ј. од Скопје и од пиштол испукал еден куршум кон него, но не го погодил, соопштија од МВР.

Вознемирени граѓани на социјалните мрежи веќе споделија дека пукањето се случило во близина на детско игралиште полно со деца и дека станува збор за добро познати проблематични лица, на кои долго време се жалат.

Од МВР велат дека бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСејмени залудно го „ловеле“ Дедо Иљо Малешевски – со години ги казнувал оние што правеле зулуми врз македонскиот народ
Следна вестМинистерката Петровска се сети за спомен обележје кај Вејце, а што со другите места?