Инциденти со тепачка во скопски „Водовод“, Управниот одбор нема каде да одржи седница

Инциденти се случуваа денеска во скопско јавно претпријатие „Водовод и канализација“ откако членовите на Управниот одбор не може да одржат закажаната седница во просториите на претпријатието. Во еден момент се случила и тепачката меѓу членовите на УО и на обезбедувањето ангажирано во фирмата. Според првичните сознанија, до ова дошло откако директорот на претпријатието дал наредба на обезбедувањето да не им дозволи одржување на состанокот во просториите. Обезбедувањето ги упатило членовите на УО на петти кат каде воопшто нема соодветни простории за заседавање.

Откако членовите на УО решиле д авлезат во една сала, се случил инцидентот со обезбедувањето. По ова настанала и тепачка по што била повикана и полицијата.

МВР потврди дека добиле пријава од лица од Управен одбор дека во просториите на „Водовод“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

-Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Ова е веќе по втор пат како на членовите на УО не им се дозволува да одржат седница.

Денеска, исто така претходно, и членовите на Надзорниот одбор биле спречени, да ја користат салата, па седницата ја одржале во ходниците на управната зграда на „Водовод“.

Управниот одбор на „Водовод“ беше избран додека градоначалничката Данела Арсовска имаше добри односи со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја подржа нејзината кандидатура на изборите во 2021. Градоначалничката Арсовска во јануари годинава го назначи Илиески за в. д. директор на „Водовод“, каде тој дојде од местото в. д. директор на Зоолошката градина.

Претходна вестУХМР: До понеделник дожд и ветер
Следна вестНа интернет се објавувале експлицитни фотографии од малолетник од Берово